ЈСП ќе ги “демне“ насилниците во автобусите
Директорот на ЈСП Скопје, Мишо Николов денеска најави дека претпријатието ќе набави снимачи за камерите за 50 автобуси и тие ќе бидат поставени на почетокот на следната година.
-Снимачите ќе се поставуваат во автобусите кои сообраќаат на релации каде постои највисок ризик од инциденти како 65, 55, 58 и 7. Овие снимачи ќе помогнат при истрагата на МВР во откривање на сторителите на инцидентите, вели Николов, пренесува Курир.
Тој истакна дека годинава е зголемен бројот на инциденти во автобусите, па затоа се вработени четворица контроли кои треба да превенираат или спречат инциденти во автобусите 65 и 55.
Првиот човек на ЈСП најави дека ќе се вработат уште четири или шест лица кои ќе постапуваат на ризичните линии како оние до Сопиште и автобуската линија која минува кај средните училишта ПТТ и Хемиско.
Во рамки на овој нов проект, на дисплеите на повеќето скопски авотбуси ќе бидат поставени пораки „Скопје град без насилство“ и „Заедно против насилство“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа