Штрајк во Струмица - плата само за членовите на СДСМ?

 
Пред два дена вработените во Јавното претпријатие Комуналец во Струмица штрајкуваа за две плати на кои им доцни иплатата и изразија револт  бидејќи ваквата ситуација да се доцни со исптатата на платите се случува веќе две години во континуитет.
 
 
Според работиниците, работите особено се влошиле откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев застана на чело на партијата, и велат дека со претпријатието се менаџира крајно недомаќински.
 
Работниците објаснуваат дека Општина и раководството исплатиле одреден паушал само на вработените кои се партиски членови на СДСМ, за да го купат социјалниот мир и на тој начин ги десеткувале вработените кои штрајкувале. Обвинуваат дека само поради тоа што не се членови на партијата останале без надоместок и добиле закани дека ако проговорат на медиумите ќе останат и без работа.
 
Струмичани веќе подолг период посочуваат дека во Струмица немаат градоначалник, бидејќи тој повеќе се интересира за партијата отколку за општината. 
27.11.2013 - 14:37
Фото: 
локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега