Месецов издадени 340.000 упати и 1,48 милиони рецепти преку "Мој термин"

Преку националниот електронски систем „Мој термин“, 10.000 пациенти кои утре имале закажани прегледи, ќе ја добијат својата услуга во сабота, но сите неодложни операции ќе бидат извршени. За ова денеска информираше Милан Аризанковски, проект-менаџер на системот „Мој термин''.

Во тек на ноември преку системот „Мој термин“, што функционира  половина година, вкупно се креирани 340.000 електронски упати, како и 1.480.000 електронски рецепти. Само на 4. овој месец се креирани 23.700 упати и 137.000 рецепти. Најчесто пациентите добиле упати за интерна медицина, ртг, офталмологија, ортопедија и за ехо прегледи.

- Во ГОБ „8 Септември“ се креирани дополнителни термини во втора смена за специјалностите ортопедија, урологија и оториноларингологија. Во поликлиниката „Букурешт“ е воведена втора смена на одделението за ортопедија, во која прегледуваат доктори од Универзитетската клиника за ортопедија, информира Аризанкоски.  

26.11.2013 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега