„Првите 5 се најважни на свет“ - кампања на УНИЦЕФ и Т-Мобиле

Детскиот фонд на Обединетите нации заедно со Фондацијата Т-Мобиле за Македонија, ја претставија кампањата „Првите 5 се најважни на свет“. Целта на кампањата е да се промовира важноста на развојот на раното детсво и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој.

- Преку кампањата сакаме да им помогнеме на родителите да научат како подобро да се грижат за децата во првите пет години од животот, како да бараат подеднакво квалитетна грижа од другите возрасни што се грижат за нив без оглед дали тоа се наставници, воспитувачи, негувателки или членови на семејството, рече претставникот на УНИЦЕФ Бертран Демулен.

Кампањата ги повикува општините да влезат во партнерство со УНИЦЕФ и приватните претпријатија и поединци да донираат за да може да се прошири мрежата на програми за ран детски развој во оние заедници кои имаат најголема потреба од нив.

- Знаејќи ја важноста и потребата од раниот детски развој, имаме за цел да ги поттикнеме родителите и згрижувачите да дознаат што повеќе, но и да ги ангажираме сите општествени чинители да отвориме што е можно повеќе центри за ран детски развој, како алтернатива на градинките, особено во средини каде не е исплатливо да се градат градинки, а тоа се руралните и маргинализираните средини. Затоа од денеска почнуваме со кампања, која освен што ја потенцира важноста на раниот детски развој, има за цел да поттикне генерирање средства за отворање нови центри за ран детски развој, рече Леа Липша, директор на Фондацијата Т-Мобиле за Македонија.

Центрите за ран детски развој кои ќе бидат отворени во рамките на иницијативата ќе работат според претходно тестиран модел на УНИЦЕФ.  Центрите за ран детски развој кои и формално се регулирани во Законот за детска заштита претставуваат најисплатива  алтернатива на градинките. Најдобро одговараат на потребите на заедниците кои немаат градинки како што се селските и маргинализираните средини. Децата посетуваат  организирани програми за учење неколку часа во денот, а родителите учествуваат во едукативни програми за подобро работење со децата дома. Програмата според која работат центрите се заснова на стандардите за рано учење и развој кои беа изготвени со поддршка од УНИЦЕФ.

 

26.11.2013 - 13:32
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега