Пет милиони дврца утре ќе бидат засадени во Македонија

„Засади здравје! Засади здрава иднина!“. Под ова мото утре ќе биде одбележан Денот на дрвото во кој ќе се засадат пет милиони садници на површина од 1.150 хектари низ цела Македонија.

Приоритети за пошумување се опожарени површини, голини во и надвор од шума во рамки на „Шумско стопанските единици“, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Ќе се садат повеќегодишни дрвца од видовите даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја,... Покрај езерските крајбрежја во Охрид, Струга и Дојран изминатиот период беа засадени 400 палми. Изборот на дрвни видови за пошумување го врши „Македонски шуми“ во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците.

Промотивната кампања почна во петокот, кога дрвца засадија медицински експерти. Во акцијата денеска се вклучија и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претставници на дипломатскиот кор.

утрешниот ден е неработен.

26.11.2013 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега