Предлог-буџетот за 2014 повторно пред пратениците

Пратениците и денеска со полни раце работа. Во Собранието ќе заседаваат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.  

Предлог-буџетот на Република Македонија за 2014 и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка, се единствените точки на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет, додека Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа по предложените измени на Законот за исплата на платите во Република Македонија и на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка и Предлог измена на Водостопанската основа на Република Македонија од 1968 за акумулацијата Бучин, а Законодавно-правната комисија ќе расправа по предложените измени и дополнувања на Законот за радиодифузната дејност и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка, како и за измените и дополнувањата  на Законот за семејството.

26.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега