Светлечки растенија наместо улични светилки?
Американски научници генетски модифицираа растенија за да светат во темница и кои наскоро би можеле да го заменат уличното осветлување, пишува „Дејли мејл“.
Генетичарите во растенијата пренеле гени од светулки кои се заслужни за светење на овие инсекти.
Научниот тим од Калифорнија се надева дека наскоро ќе може да модификува и поголеми растенија и дрвја за да во иднина би претставувале природна алтернатива на електричните светилки.
За добивање на светлечките растенија научниците го користеле ензимот луцифераза (од латински lucem ferre – носител на светло) кој се наоѓа во гените на биолуминесцентните суштества како што се светулки, некои видови медузи, печурки, бактерии...
Тие потоа со помош на посебен софтвер во лабораторија дизајнирале нови секвенци на ДНК со овој ензим, кој го уфрлиле во агробактерии - бактерии кои можат да ги пренесат своите гени на билките.
На тој начин научниците успеaле успешно да направат мали растенија кои светат, но им се потребни дополнителни парични средства за да генетски модифицираат големи растенија.