Бесими се сретна со координаторот на Обединети нации Винтон

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со новиот постојан координатор на Обединети нации и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

На средбата се разговарало за иницијативите на Секретаријатот за европски прашања, активностите кои се спроведуваат во рамки на европската агенда, за ИПА координативните состаноци во врска со ИПА 2007-2013, како и за новиот програмски период за ИПА 2014 - 2020.

На средбата соговорниците се договориле за натамошна меѓусебна координација и остварување работни состаноци за постигнување на заеднички цели во области како вработување, животна средина, млади и други области на заеднички интерес.

25.11.2013 - 13:38
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега