Арсовска: Градот Скопје овозможува поддршка со доделување електромоторни погони за инвалидски колички

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и претставници на Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје Мобилност на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа”, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.

 

- Овој проект има за цел да го  подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да се стекнат со мобилност која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите - истакна на средбата градоначалничката Арсовска.

 

Во рамки на проектот со формирање на Комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.

 

Град Скопје

03.05.2022 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега