Стефковски најави зголемување на платите за сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска упати честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и најави зголемување на платите за сезонските работници во ЈКП „Гази Баба“.
-Повисоки плати за сезонските работници во ЈКП Гази Баба! Денес целиот свет го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот! На овој ден сите ние треба да ги потврдиме нашите заложби за унапредување на правата на работниците, како и постигнување на целосна имплементација на позитивните законски прописи и склучени колективни договори, напиша Стефковски на својата официјална Фејсбук страна.
Според него, изминатиот период во општина Гази Баба се забележува значителен напредок на полето на хигиената и комуналната чистота за што најзаслужни се сезонските работници кои секојдневно се грижат за чистотата.
– Како градоначалник на општина Гази Баба објавувам дека ќе покренам иницијатива за зголемување на платите на ангажираните сезонски работници во ЈКП „Гази Баба 2007“, што верувам дека за нив ќе биде мотив за уште поголема ангажираност. Честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!, напиша градоначалникот Стефковски.
01.05.2022 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа