Вархеји денеска во Скопје

 

Eврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе ја посети Македонија.

Вархеји во Скопје ќе допатува од Софија каде што вчера оствари средби со бугарскиот државен врв.

Во Софија тој учествуваше и на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“. За време на настанот, Вархеји вчера порача дека е разочаран за блокадата за почетокот на преговорите и дека немаме време за губење.

„Сите земји членки мора да веруваат во моќта на процесот на проширување. Бев во Софија пред две или три недели и сега сум повторно тука и секогаш ќе бидам среќен да доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да донесеме одлука до јуни оваа година“, рече Вархеји.

„Не само што немаме време, туку немаме интерес да губиме повеќе време“, додаде еврокомесарот.

27.04.2022 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега