Ќе земеле милиони за фалсификувани часовници - еве што падна во рацете на македонските цариници
Царинските инспектори од специјалните тимови вчера во Скопје запленија 1.210 рачни часовници и 1.070 фудбалски топки, сите со лого на заштитени трговски марки, за кои постои основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
Според информациите од Царинската управа, разна стока со потекло од Кина била пријавена за увозно царинење на Царинска испостава Скопје 2, од фирма увозник од Скопје. Стоката била натоварена во камион со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на фирма превозник од Гевгелија. Царинските инспектори го прегледале камионот и внатре ги пронашле брендираните часовници и фудбалски топки. Нивната фактурна вредност е 20.482 денари, но доколку би се продавале како оригинал во малопродажба би достигнале вредност и од околу девет милиони денари.
Робата е привремено задржана и започната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа