Ѓорѓиевски на средба со претставниците на ЛИДЛ: Заинтересирани се да инвестираат во Кисела Вода
Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл“ од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода.
Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија.
На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија.
Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината.
Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица.
Вреди да го споменам и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија.
21.04.2022 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа