Јанкулоска: Очигледно е дека опозицијата не ги познава законите и процедурите за екстрадиција

 

Пред Музејот на Македонија, денеска како што дозна Пресс24 од полициски извори, беше засилено полициското присуство.

Како што информира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, полицијата е присутна пред Музејот на Македонија како дел од истрагата која МВР ја води подолг период за да се утврди конечната и веродостојна фактичка состојба за исчезнатите вредни артефакти.

Исто така, околу екстрадицијата на Мирослав Шиповиќ, министерката Јанкулоска изјавува дека повеќе од очигледно е дека опозициската СДСМ не ги познава законите и процедурите за спроведување на вакви дејствија.

- Опозицијата очигледно не ги познава законите и процедурите за спроведување на вакви дејствија и нивната прес - конференција или изјава не е ништо друго туку обид за притисок врз институциите, меѓутоа евидентно е дека институциите си ја работат својата работа и не потклекнуваат на притисоците кои се многу чести и веќе станаа правило на однесување на СДСМ, одговори Јанкулоска по барање на новинарите да го коментира обвинувањето од страна на опозицијата во врска со начинот и тјмингот на екстрадицијата на Шиповиќ.

22.11.2013 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега