Претседателот Иванов на „Костенијада 2013“

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски беше дел од манифестацијата „Костенијада 2013“ во Македонски Брод.

- Костенот е стратегиска култура, вирее во 13 од 50-те населени места во регионот. Околу градот има и костенова шума, ниви, се засадува, се калеми и родот е квалитетен. Костенот може да биде и доходовен, а пример е единствената фабрика во непосредна близина на градот која го пласира пред се на италијанскиот пазар, рече денеска градоначалникот на Македонски Брод, Војнески.

Засега костенот не се субвенционира, но државата може да го помогне неговото прозивдоство на повеќе начини.

- Можеме да донесеме домашни експерти, да ги советуваат жителите како да го зголемат производството и родот да биде уште поквалитетен. Може да се воведе и нова мерка за поттикнување, а Министерството и државните институции да донесат инвеститори кои ќе вложат во производството и отоворањето капацитети за преработка со цел пласман на странските пазари, изјави министерот Димовски.

22.11.2013 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега