Груевски најави подобри услови за затворениците

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска по отварањето на новата спортска сала во Горно Лисиче која е дел од проектот на Владата за изградба на нови и реконструкција на веќе постоечките спортски објекти во Македонија, истакна дека во затворите во земјава има надминување на бројот на затворениците, бидејќи главен проблем е затворот Идризово, почнато е со градба на комплетно нов објект, кој ќе има капацитет за околу 1.500 луѓе, наместо сегашниот за 800 до 900.

- Тоа е сериозна инвестиција во која не поддржа Банката за рзвој при Советот на Европа. Градбата почна пред неколку месеци. Се работи интензивно и во период од неколку години треба да се изгради комплетно нов затвор, кој ќе биде многу посовремен, многу помодерен со сите потребни стандарди што ги имаат денешните затвори и на тој  начин да се надмине овој проблем, рече премиерот.

Премиерот додаде дека штом заврши градбата затворениците ќе преминат во новиот дел кој ќе биде во повеќе целини за затворениците од различни категории да бидат одвоени што е стандард во секој затвор.

22.11.2013 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега