Царината домаќин на професори и студенти од Холандија
Царинската управа денеска беше домаќин на професори и студенти од текстилен факултет од Холандија. Почесен гостин на Царината беше и заменик Амбасадор на Кралството Холандија, Питер Верхејн.
Готите од Холандија остварија средба со директорот на Царинска управа, Ванчо Каргов. За време на посетата одржана е презентација преку која студентите се запознаа со работењето на царината, идните проекти и планови како и за придонесот на Царинска управа за развојот на текстилната индустрија во Република Македонија. Исто така беше презентирано и функционирањето на новиот систем за постапки со економски ефект, увоз за облагородување кој овозможува електронско аплицирање и добивање одобренија за сите видови на постапки со економски ефект.
На средбата беше констатирана и одличната соработка меѓу двете земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа