Веќе со децении го започнува секој ден на истиот начин: Оваа навика е „виновна“ за одличната фигура на кралицата Летиција
Правилно искомбинираниот појадок може да нѝ помогне да го забрзаме метаболизмот и да ги елиминираме вишокот килограми. Тоа добро го знае и кралицата Летиција која со години не ја менува утринската рутина.
Кралицата ги следи правилата на д-р Николас Периконе, а благодарение на истите има совршена телесна тежина. Овој план на исхрана е многу едноставен и ефикасен.
Диетата на Периконе се заснова на внес на 3 видови намирници: свежа риба, зеленчук богат со железо и храна која изобилува со протеини. Сите кои ја применуваат неговата диета треба да внесуваат и 3 литри вода дневно, а Летиција заменува извесна количина со зелен чај
Ваквата исхрана не само што помага во слабеење и одржување на оптималната тежина, туку и го подмладува организмот.
Појадокот и во оваа диета е најважниот оброк во денот, а кралицата Летиција обично појадува омлет од 3 јајца или парче лосос, понекогаш со парче тост.
За ужина јаде јаткасти плодови, јогурт, овошје или маслинки, а ручекот ѝ се состои од 200 гр. пилешко или мисиркино месо или риба на жар со многу зеленчук.
За вечера, Летиција јаде парче сирење и повторно обилна порција зеленчук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа