Се свртела, па го покажала најубавиот фустан со неверојатни детали - на прстот го носела легендарниот прстен од 800.000 долари

 

Во саботата во Валенсија беше одржано доделувањето на Гоја наградите, а на црвениот тепих се појавија сите големи ѕвезди од шпанската кинематографија.

Посебно внимание привлече водителката и поранешна манекенка Нивес Алварез, појавувајќи се во необичен, но преубав фустан кој ги маѓепса присутните.

Нивес избрала да носи фустан од својот омилен дизајнер, Стефан Ролан, кој навистина плени со специфичниот дизајн и впечатливи детали.

Голиот грб, но и прорезите во пределот на половината, ја истакнале извајаната фигура на оваа 47-годишна жена, а особено секси детаљ бил тенкиот ремен од циркони кој го спојувал горниот дел и долниот дел од фустанот во контрастни бои - црна и бела.

Креацијата била навистина необична и интересна, па не е ниту чудно што била во прв план.

Нивес носела скапоцен прстен од брендот „Bvlgari“ чие заштитно лице е токму таа, а ова парче накит некогаш ѝ припаѓало на легендарната актерка Елизабет Тејлор.

„Ричард Бартон ѝ подарил ѓердан на Елизабет по една кавга, а таа тогаш кажала дека неопходен е соодветен прстен кој ќе се вклопува со него, па себеси си купила прекрасен „Bvlgari“ прстен“, раскажала водителката.

Инаку, прстенот е направен во текот на 30-те години од минатиот век, а Елизабета го набавила во 70-те години и бил еден од клучните делови на нејзината приватна колекција накит, а го носела во бројни прилики.

Овој прстен со сафир и скапоцени дијаманти сега е дел од историската архива на модната куќа „Bvlgari“, а неговата вредност се проценува меѓу 600 и 800 илјади

долари.

15.02.2022 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега