Пијан скопјанец со нож нападнал директорка на градинка

Скопјанец си заработи кривична пријава бидејќи нападнал директорка на градинка. Се работи за 52-годишниот С.И. од Скопје кој работи како градинар во градинката „8-ми Март“.

Скопјанецот се напил малку повеќе, па започнал расправија со директорката на градинката, а таа набрзо кулминирала кога тој започнал да ја навредува и да и упатува закани по живот, а потоа извадил и нож и го вперил кон неа.

20.11.2013 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега