Рекордни 12 поени за Антиќ на еден натпревар во НБА лигата!

 

Перо Антиќ освои рекордни 12 поени на натпреварот со Мајами. На натпреварот кој заврши со резултат 104:88 (24:25; 24:20; 30:23 и 26:20) нашиот Перо Антиќ постигна за него рекордни 12 поени на еден натпревар во НБА лигата.

Македонецот во игра беше нешто повеќе од 15 минути имаше шут 4/8 од игра, 2/3 за три поени, 2/3 за еден поен, 4 скокови (1 офанзивен + 3 дефанзивни), 1 асистенција, 2 украдени топки и 2 грешки.

Ова беше осма победа за „жешките“ во деветтиот натпревар на овие два тима, а петта во низа.

Во тимот на Атланта покрај Антиќ, 12 поени постигна и Ал Хорфорд, додека Мајк Скот имаше 15.

Вечерва се играат 13 натпревари, а Атланта игра дома со Детроит. Другите двојки се: Шарлот - Бруклин, Кливленд - Вашингтон, Њујорк - Индијана, Орландо - Мајами, Филаделфија - Торонто, Милвоки - Портланд, Минесота - Лос Анџелес Клиперс, Њу Орлеанс - Јута, Сан Антонио - Бостон, Феникс - Сакраменто, Далас - Хјустон и Голден Стејт - Мемфис. 

20.11.2013 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега