Претпладне сонце попладне дожд - утре никаде без чадор!
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќа ќе има врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат поинтензивни.
Температурата ќе се движи од девет до 16 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно и магливо, а попладне ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има и врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 12 степени.
19.11.2013 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа