„Бомба“ од Шпанија: Барселона го сака Столе Димитриевски
Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ лансираше „бомба“ и објави дека Барселона е заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитроевски.
Димитриевски со одличните настапи во Рајо Валекано се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Примера оваа сезона, па Барселона покажа интерес за него.
Барселона сака да се ослободи од Нето, а како негова замена да го донесе Столе Димитриевски.
Прва опција на голот останува Тер Штеген, но Чави не е задоволен од неговата форма, па Димитриевски ќе му биде сериозна конкуренција.
Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6%. За разлика од Македонецот, Тер Штеген има само 56,8% одбранети удари.
Barça want to sign Stole Dimitrievski from Rayo Vallecano. He is currently in Barcelona.
— @10JoseAlvarez pic.twitter.com/bxtWxgUveJ
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 24, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа