Земјоделците реагираат: Заканата значи непочитување на сите земјоделци во Македонија

 

Асоцијацијата на земјоделци на Македонија денеска реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе бара одговорност од сите што го нарушиле угледот на неговото семејство во врска со случајот на токсичните корнишони.

- Зоран Заев треба да биде свесен дека вербалниот напад и заканата врз земјоделците преставува напад  и непочитување врз сите земјоделци во Република Македонија. Не е човечки со закани за тужби и судски рочишта да се замолчуваат земјоделците, особено што ние со чесна работа произведуваме храна и посветуваме огромно внимание на здравото и квалитетно производство кои се трудиме да го продадеме како бренд надвор од Македонија, наспроти оние кои набрзина, па макар и со затруени краставици сакаат да заработат, се вели во реакцијата.

Навредите врз земјоделците не може да го избришат фактот оти со продажбата на отровни краставици се нанесува штета на македонскиот извоз.

18.11.2013 - 15:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега