Среда сепак не е неработен ден - „Денот на дрвото“ се уште не е утврден
Според последните податоци, сеуште не се знае дали оваа среда, 20 ноември, ќе биде прогласена за неработен ден. Надлежните велат дека датумот за „Денот на дрвото“ се уште не е утврден и дека кога ќе биде утврден тоа и официјално ќе биде објавено.
Годинава ЈП „Македонски шуми" ќе засади од четири до пет милиони шумски садници на површина од над илјада хектари. Според директорот Жарко Караџоски, со есенската акција приоритети за пошумувањето годинава ќе бидат опожарените површини, голини во и надвор од шума, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини и локации покрај природни и вештачки езера.
Од почетокот на акцијата досега се засадени 40 милиони садници, а 61 отсто е просекот на успешноста. Највисок процент на реализација имало во 2009 и 2010 година.
Еве ги неработните денови до крајот на годината.
Неработни денови за сите граѓани на Македонија
- 08 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од католичка веросиповед
25 Декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа