Општина Струмица и ЈП Комуналец набавувале корнишони од фирмите каде што се пронајдени затруените производи
Фирмата која што ја носи одговорноста за краставичките со пестициди кои беа вратени од Хрватска, ги снабдувала и општина Струмица и ЈП Комуналец од Струмица, јавува Курир
Имено фирмата Тргопродукт која што е на фамилијата Заеви, во време кога сопственик била Катерина Бојовиќ-Заева, преку склучена јавна набавка со ЈП Комуналец за потребите на претрпијатието обезбедила феферони, цвекло, мешана салата и корнишони во вредност од над 100 000 денари.
Скандалот што ја заинтересира јавноста која побара санкционирање на фирмата која што ги произведува, може да порасне во уште поголеми размери, знаејќи дека фирмата Тргопродукт и во Република Македонија ги испорачувала своите краставици за кои постои реална можност и тие да се затруени.
Случајот со набавката за потребите на ЈП Комуналец каде што вработените во претпријатието се хранеле со истите е сериозен и може да се окарактеризира како несериозност и неагилност за проверка на истите од страна општински власти каде што Зоран Заев е градоначалник и е одговорен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа