Ревитализацијата на шесте хидроелектрани ќе заврши до средината на идната година

 

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, денеска информираше дека ревитализацијата на хидроелектраните ќе заврши до средината на идната година. Инсталирањето на дополнителна опрема, нагласи тој, ќе обезбеди автоматизрано проиизводство на електрична енергија, а со инсталација на дополнителна опрема за оскултација и набљудување на состојбата, стабилноста и сигурноста на браните и нејзините придружни објекти ќе биде зголемена.

- Проектот вреден 32,8 милиони евра, ќе биде целосно заокружен до средината на 2014 година. Со него е предвидено продолжување на животниот век на постојните хидроелектрани и зголемување на нивната сигурност и доверливост. Со ова се зголемува инсталираната моќност за дополнителни 18,31 мегавати, а годишното производство на електрична енергија за околу 50 гигавати. Тоа во пракса би значело задоволување на потребите на над 30.000 граѓани, рече Бошковски.

Тој потенцира дека за овој зафат се инвестирани околу 790.000 евра. Засега  завршена е и реконструкцијата на Речкиот канал, а во завршна фаза е и реконструкцијата на Шарскиот канал и доводот на шарски води. Извршена е и санација на Тољанскиот тунел на најкритичните делници.

15.11.2013 - 14:47
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега