Мемети: Сите сме различни но имаме исти права - толеранцијата е демократска придобивка на секое општество

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, народниот правобранител Иџет Мемети, денеска истакна дека сите сме различни, но сите ги имаме истите права.

- Меѓународниот ден на толеранцијата е поводот кога треба да се проговори и за негативните ефекти од нетолернацијата. Непочитувањето на различностите никому не му носи добро, напротив тоа е причина за многу војни, страдања, поделби кои оставаат длабоки последици врз животите на сите нас, вели Мемети.

Толеранцијата е демократска придобивка на секое општество, додава Мемети и укажува дека оваа пригода ја користи да им укаже на сите чинители во општеството без разлика на возраста ,полот, верата, образованието  дека почитувањето е основниот темел без кое нема напредок. 

15.11.2013 - 13:34
Фото: 
новини.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега