Ристовски го осуди инцидентот во автобус на ЈСП каде беа претепани 8 деца

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска остро го осуди инцидентот кој вчера се случи во автобус на ЈСП.

- Најостро го осудувам настанот и сметам дека независно дали се случува во автобус или на улица заслужува сериозна критика и осуда, изјави министерот Ристовски.

Ристовски потенцираше дека припадниците на МВР и обезбедувањето на училиштата се присутни во сите училишта во Република Македонија, и додаде дека во училиштата и училишните дворови се уште се во сила безбедносните мерки, а дека за инциденти надвор од нив е надлежна полицијата.

За потсетување, масовна тепачка синоќа околу 19 часот се случи на последната станица на автобусот број 45. Како што дозна Press24, десет лица влегле во автобус вооружени со дрвени палки и ги претепале патниците. Повредени се 8 деца. Во знак на револт, жителите на Стајковци го блокираа патот за влез до селото.

 

15.11.2013 - 12:03
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега