Кили осуден на една година затвор

Актерот Кирил Поп Христов Кили денеска седна на обвинителната клупа во Основниот Суд во Скопје. Откако беше уапсен за одгледување марихуана заедно со својот брат Владимир Поп Христов кој е сеуште недостапен за полицијата, денеска Судот на Кили му одреди казна затвор во траење од една година.

- Свесен бев дека тоа што го правам е нелегално, но кога одите по ивицата на ножот и треба да одберете меѓу животот и смртта, се доведувате во ситуација кога не одите според законите, изјави денеска актерот во судницата, пренесе Телеграф.мк.

За потсетување, Кили беше уапсен откако беше откриено дека тој во подрумските простории од својата викендица заедно со својот брат одгледувал марихуана. Во викендицата беа пронајдени 80 саксии марихуана.

 

15.11.2013 - 11:33
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега