Кили: Знам дека го прекршив законот - тоа го направив за моето здравје

Во Основниот Суд Скопје 1 денеска актерот Кирил Поп Христов Кили кој беше уапсен поради одгледување на марихуана заедно со својот брат, седна на обвинителната клупа. Како што пренесува порталот Телеграф.мк, актерот во судницата изјавил дека бил свесен дека е незаконски да одгледува дрога, но од канабисот правел масло за лекување на карциномот кој го има.

- Свесен бев дека тоа што го правам е нелегално, но кога одите по ивицата на ножот и треба да одберете меѓу животот и смртта, се доведувате во ситуација кога не одите според законите, вели актерот Кили, пренесе Телеграф.

Исто така, Кили го замоли судот да направи разлика меѓу канабис-сатива и канабис-индика која ја одгледувал за да направи лек за болеста. Тој додаде и дека неговата здравствена состојба била многу подобра со употребата на тоа масло.

Судењето е сеуште во тек.

15.11.2013 - 10:51
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега