Министерката Јанкулоска наградена со „Constantinus international award“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе го прими признанието „Constantinus international award“ за успешното спроведување на проектот „Техничка помош за имплементација на ТЕТРА фаза 2“ финансиран од Европската комисија.

Оваа награда министерката Јанкулоска ќе ја добие на иницијатива на унгарската компанија „Виалто Консалтинг“.

На настанот  ќе присуствуваат амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав, унгарскиот амбасадор д-р Јозеф Бенце, и директорот за меѓународна соработка на “Виалто Консалтинг“ Арон Немеш. 

15.11.2013 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега