Венизелос: Проширувањето не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос изјави ддека проширувањето и Западен Балкан, не се приоритет на претседателството.

Грчкиот министер зборуваше за приоритетите на грчкото претседателство со Унијата, кое ќе почнe на 1 јануари следната година, на заедничка седница на парламентарните комисии за обрана и надворешни работи и за европски прашања. Тој потенцираше дека сака почетокот на грчкото претседателство да се совпадне со отворање на пристапните преговори на Србија со ЕУ.

- Тоа е многу важно за да се истакнe грчката улога во однос на евроатлантската перспектива на сите земји од Западен Балкан. Во многу голема мера, тоа е поврзано и со грчко-албанските односи, рече тој и потсети на неговата и посетата на Папуљас во Тирана.

- Се разбира, тоа исто така е поврзано со Црна Гора, која има многу добра позиција во овој процес, како и со нерешените проблеми кои постојат во врска со Македонија и, се разбира, во однос на Косово, но таму наш приоритет е завршување на процесот на преговори меѓу Белград и Приштина. Ќе видиме како ќе одат тие, рече Венизелос. 

15.11.2013 - 08:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега