МВР: СДСМ повторно се меша во работата на државните институции
Надвор од секаква демократска практика, СДСМ се промовира во единствената политичка партија во Европа која врши директни притисоци врз органите на прогонот, обидувајќи се да ја преземе улогата на полицијата, обвинителството и судот, одредувајќи кој е виновен, а кој не, стои во реакцијата од МВР на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
СДСМ, реагираат од МВР, продолжува со срамното лицитирање со имиња на осомничени лица и мешање во ингеренциите на државните институции задолжени за борба против криминалот и корупцијата.
- Очекувањето на СДСМ да се врши пренос од работењето на Министерството, само докажуваат зошто во минатото никој не гледал доверлив партнер во македонската полиција и не биле создадени ниту основните претпоставки за учество во меѓународни операции во кои партнерите очекуваат професионалност и дискреција, стои во реакцијата на МВР.
МВР, реагираат од Министерството, изминативе години крајно професионално реализираше бројни екстрадиции во кои функционери на СДСМ дури и пред судовите ги бранеа обвинетите.
- Без разлика на нечии политички притисоци, наша обврска пред граѓаните е да постапуваме сериозно и професионално и да ја информираме јавноста за реализираните активности кога за тоа ќе бидат создадени услови, стои во реакцијата од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа