Првиот натпревар на Благоја Милевски без голови против Ерменија

 

Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот дуел на македонската фудбалска репрезентација со Ерменија.

Средбата од 4. коло Ј-група во мундијалските квалификации на Арена „Тодор Проески“ во Скопје помина без ниту една посериозна шанса за гол на двете страни. Македонците иако имаа поголем посед на топката, не успеаја да го загрозат голот на Ерменците.

Од друга страна, гостите беа фокусирани на дефанзива и чекаа евентуална шанса од противнапад.

На клупата на македонскиот национален тим дебитираше селекторот Благоја Милевски.

 

Ерменија и по 4. коло останува лидер на табелата со 10 бода, Македонија падна едно место и сега е трета со седум бода. Германија по вечерашниот триумф (2:0) над Лихтенштајн е втора со девет бода, Романија по победата на Исланд (2:0) има шест. Исланд остана на три, Лихтенштајн е последен без овоен бод. 

02.09.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега