Во Музејот на Македонија недостасуваат 80 вредни артефакти

Иако беше пријавено дека недостасуваат 60 предмети со непроценлива вредност од Музејот на Македонија, сепак од Музејот недостасуваат 80 вредни артефакти.

Според информациите од полицијата, тројца кустоси пријавиле дека во депоата на Музејот на Македонија недостасуваат уште 20 артефакти.

Инаку, кражбата беше извршена минатата недела, а според информациите до кои дојде Пресс24, иако присуството на полицијата во и околу Музејот на Македонија е зголемено, нема апсење за случајот кражба во Музејот на Македонија. Последните информации велат дека интензивно се трага по одговорните, а на случајот работат и инспектори на МВР и инспектори од Министерството за култура.

13.11.2013 - 13:38
Фото: 
Коолтура

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега