Ги влечеле за униформата па ги претепале - бесни струмичани нападнале полицајци

 

Бесни струмичани нападнале полициски службеник. Се работи за 39-годишниот Т.Л. 31-годишниот С.Л. и 26-годишниот В.С. од струмичко кои заедно со 29-годишниот И.Р. од Струмица пред неколку денови додека од страна на двајца полициски службеници било вршено обезбедување во врска со извршено кривично дело „кражба“,  пријавените од кои еден носел секира најнапред им се заканувале на полицајците, а при обид за нивно совладување ги влечеле полицајците за униформата.

Во еден момент мешаницата кулминирала кога а С.Л. со тупаница удрил еден од  полицајците.

На насилниците им е одреден притвор во траење од 30 дена.

13.11.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега