Им ги запалил автомобилите - битолчани останаа без своите Мерцедес и Ауди
Засега непознат сторител опожарил две луксузни возила во Битола. Според информациите од полицијата, околу 22 часот, непознато лице полеало со запалива течност автомобил марка Ауди и автомобил марка Мерцедес, паркирани на улицата „Булевар 1 мај“ во Битола.
Се работи за возилата на 32-годишниот С.Р. и 45-годишниот В.Н.
Засега не е познато ниту кој ниту зошто ги запалил двете возила.
13.11.2013 - 10:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа