Охрид ќе го добие спомен-обележјето посветено на Водици
Во текот на идната година Охрид ќе го добие Спомен-обележјето за верскиот празник Богојавление – Водици. Претставници на компанијата „Адора инженеринг“, чиј сопственик е Чифлиганец, вчера остварија средба со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, на која било разговарано и за споменикот и дефинирано како што поскоро да го најде своето место во Охрид.
- Штом го добиеме одобрението за градба од локалната самоуправа, веднаш ќе пристапиме кон реализација на проектот. Основата на споменикот ќе биде готова за десетина дена. Понатака, потребно е негово лиење од три до шест месеци, што значи дека во првата половина на 2014 година ќе имаме едно убаво спомен обележје во знакот на големиот христијански празник Богојавление – Водици, рече Чифлиганец кој донацијата ја најави по преземањето на кумството во 2012.
Творец на идејното решение за тоа како ќе изгледа споменикот е Ангел Коруноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа