Ивановски на самит за информатичка технологија во Бразил
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска и утре ќе учествува на Глобалниот јавен политички самит за информатичка технологија во Сао Паоло, Бразил.
Министерот предвидено е да се обрати пред претставници на ИТ компании на Латинска Америка за достигнувањето на Република Македонија во ИКТ сферата, како и за бенефициите и предностите што ги има земјата за привлекување странски директни инвестиции, а главната тема е „Ефективните јавни политики за реализација на ветувањата на дигиталната ера“.
Целта е да се нагласи важноста на секоја земја во работата на дигиталната агенда за да обезбеди сите влади, бизниси и граѓани да учествуваат и да го зголемат економскиот, социјалниот и културниот развој преку бенефициите на дигиталната ера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа