Во Македонија умираат млади и работоспособни луѓе

 

Кардиоваскуларните болести, ракот,белодробните заболувања и дијабетесот се закана за светската економија, предупредува СЗО.

Секоја година од овие болести умираат над 9 милиони луѓе помлади од 60 години. Алармантна е состојбата и во Македонија.

Годишно во земјава 30 проценти од вкупниот број на смртните припаѓаат на незаразните заболувања.

Во 90 отсто може да се превенираат прераните случаи на смрт кај работоспособното население. За подобрување на состојбата ќе помагаат експерти од СЗО.

-Како Министерство сме фокусирани на незаразните болести особено на кардиоваскуларните и малигните заболувања и за нив имаме посебна програма. За кардиоваскуларните заболувања направивме првпат програма во Министерството и како резултат на тоа сме фокусирани најнапред на формирање кардиолошка мрежа особено за интервентна кардиологија. Во тие рамки отпочнавме со интервентна кардиологија во Битола, Штип, имаме план тоа да го направиме во Тетово и во Струмица, рече Никола Тодоров. министер за здравство.

Во светот годишно од незаразни болести умираат 36 милиони луѓе. Кај повеќе од половината смртта настапила како последица на кардиоваскуларни и малигни заболувања.

11.11.2013 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега