Силно невреме во Хрватска - едно лице загина

 

Загина едно лице, а десетици се повредени при невремето што минатата ноќ ја погоди Хрватска

Силниот ветар со брзина од 61 метар во секунда корнел дрва, огради и рекламни паноа, а предизвикал и проблеми во сообраќајот во Загреб и неколку други градови.

Во Вараждин еден маж загинал откако врз него паднало дрво, а во Риека биле повредени повеќе од 20 луѓе, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба.

Ветрот урна дел од главната зграда на Старата Мелница, еден од важните споменици на индустриската архитектура на Загреб.

 

 

11.11.2013 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега