Метеоаларм: Невремето во Македонија може да биде опасно

 

Мрежата на европски метеролошки сервиси предупредува дека вечерва и утре, невремето во Македонија може да биде опасно. Речиси половина од територијата на Македонија е во жолтата алертна фаза, што значи дека метеоролошките прилики нема да бидат нешто што веќе не сме го виделе, но сепак имаат потенцијал да предизвикаат проблеми. 
Голема опасност од невремето, метеоалармот најавува за во Хрватска и тоа во регионот околу Риека. 
Од УХМР веќе најавија дека времето во Македонија попладнево и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Се очекува во јужните делови да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе се движи од 13 до 18 степени.

Во наредните денови ќе преовладува облачно време, со магла по одделни котлини и постепено опаѓање на дневните температури.

11.11.2013 - 14:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега