Македонија експресно ја заврши постапката за екстрадиција на Божиновски

 

Барањето за екстрадиција на Зоран Божиновски е веќе испратено во Србија. Информацијата за Press24 и официјално ја потврдија од македонското Министерство за правда. Од таму велат дека со испраќањето на документацијата, Македонија комплетно ја завршила својата работа во постапката за екстрадиција и дека сега се чека српската страна.
Зоран Божиновски беше уапсен во четвртокот вечерта во Нови Сад Србија. Македонското МВР го бараше со меѓународна потерница откако беше осомничен за неколку кривични дела меѓу кои злосторничко здружување, шпионажа и уцена во рамки на случајот Шпион. 
Тој се наоѓа во окружниот затвор во Нови Сад, откако српски истражен судија му одреди 40 дена екстрадиционене притвор. 

11.11.2013 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега