Трагедија во Италија: Фудбалер почина на натпревар во чест не неговиот покоен брат
Италијанскиот фудбалер, Џузепе Перино (29), починал вчера на натпреварот организиран во чест на неговиот брат. Братот на Перино, загинал пред три години во велосипедска несреќа.
Според се уште неофицијалните информации, Џузепе Перино, починал од срцев удар, на стадионот во Поџиомарино.
Во текот на натпреварот, Џузепе, паднал на теренот, а обидот за реанимација на лекарската екипа завршил без успех.
Џузепе Перино настапувал за младинскиот тим на Парма, а во сениорската кариера играл за Сапри, Беларија, Вигор Ланеција, Турис, Реал Поџиомарино, Пимонте.
03.06.2021 - 19:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа