Несторовски разочаран што нема да игра на Европско: Ќе се вратам посилен за Светско (ВИДЕО)
Фудбалот без сомнеж е најважната споредна работа на светот, но и една од најнапорните. Притисокот е голем, одговорноста уште повеќе, особено ако ги браните боите на својата земја. Атмосферата во македонската репрезентрација е прилично раздвижена. Ништо чудно, ако го знаеме податокот дека нешто повеќе од 10 дена ќе играме на Европско првеснтво.
И додека сите фудбалери напорно тренираат, Илија Несторовски поради повреда се наоѓа во својот дом во Италија, и за жал нема да биде во можност да игра на ова првеснтво. Бекстејџ разговараше со Нестор, а тој откри колкаво е разочарувањето што нема да биде во можност да игра на Европското првеснтво.
-Пет-шест години сум дел од оваа репрезентеција. Од 166 место ја вративме Македонија таму кадешто доликува. И кога заедно испишавме историја, кога конечно се пласиравме на тоа Европско првенство мене ми се случи таа повреда и стварно сум разочаран. Нема бегање од тоа, таква е судбината, требало да не играм на тоа ЕП. Се надевам дека нашите момци ќе не израдуваат сите и на ова ЕП ќе постигнат одлични резултати. Здравје Боже, Светско Првенство ќе бидам доволно спремен, вели Несторовски за Бекстејџ.
Додаде дека секојдневно си разменува по некој совет со останатите фудбалери, и верува дека ќе се покажат во најдобро светло. За негативните коментари откри дека не допираат до него. Што друго кажа погледнете во продолжение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа