Влегол преку незаклучена врата и собрал 8000 евра - кражба во Штип

 

Крадците не запираат. Штипјанец поради невнимание си остана без 8.000 евра.

Како што пренесува полицијата, се работи за 53 - годишниот П.М. од Штип кој излегол од дома без да ја заклучи вратата, при што оваа прилика ја искористиле крадци кои влегле во куќата, извршиле пребарување, и одзеле женска торба во која имало 5000 евра, 180 илјади денари, лични документи. Кога се вратил во својата куќа, оштетениот ведна ја пријавил кражбата во полиција.

Полицијата трага по сторителите.

11.11.2013 - 10:58
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега