Владата на Самарас го преживеа гласањето

 

Со 153 гласа „за“, 124 гласа „против“ и 17 воздржани, утринава грчкиот парламент изгласа доверба на Владата.

Инаку, вчера над илјада активисти на најголемата левичарска опозициска партија Сириза, протестираа во Атина против владините мерки за штедење. Се претпоставува дека на улиците на Атина излегле околу 2.000 луѓе, додека според новинарите и организаторите најмалку 5.000 лица. „Отставка веднаш“ и „НЕ на политиката за штедење“, извикуваа гневните демонстранти.

Сириза соопшти дека бара гласање недоверба на коалициската влада на конзервативниот премиер Антонис Самарас, поради нејзината катастрофална политика. Дебатата за гласањето почна во петокот.

11.11.2013 - 10:07
Фото: 
бриф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега