Натпреварите со Словенија и со Казахстан со навивачи: Дозвола за 30% од капацитет на „Тодор Проески“!?

 

Навивачите би можеле од Националната арена да ги испрати македонските репрезентативци на ЕП во Букурешт.

Како што јавува Екипа, се очекува од 1 јуни Владата да дозволиорганизација на спортски настани со одреден број навивачи на трибините, со што ќе се отвори простор и за фанови на националната арена „Тодор Проески“ на пријателските натпревари со Словенија (1. јуни) и Казахстан (4. јуни) во Скопје.

ФФМ побарала од Комисијата за јавно здравје дозвола пријателските натпревари да се играат со 30% исполнетост на арената „Тодор Проески“ со што околу 10.000 навивачи би присуствувале на двата натпревари.

Има позитивни најави дека ќе биде овозможено присуство на публика на трибините, но сето тоа ќе зависи и од препораките на Комисијата за јавно здравје врз основа на епидемиолошката слика во земјава на почетокот од следната недела.

 

27.05.2021 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега