Не ви треба вакцина или ПЦР тест за да ја бодрите Македонија во Букурешт
Доколку сакате да ги бодрите македонските фудбалери на Европското првенство, не ви се потребни ниту негативен ПЦР тест, ниту документ за примена вакцина против Ковид-19.
Ова правило важи за Романија, во чија престолнина Македонија ќе се натпреварува.
Информацијата доаѓа откако во Македонија се намалил бројот на позитивни случаи на дневна и двонеделна инциденца на 100.000 жители. Поради намалувањето, Романија донела одлука Македонија да биде ставена на зелената листа и се укинува документ за ПЦР тест или доказ за вакцина.
Првиот натрпревар нашите фудбалери ќе го одиграат на 13 јуни во Букурешт против репрезентацијата на Австрија, а вториот натпревар ќе го одиграат на 17 јуни против Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа